Вардар и Шкендија ќе го заокружат колото
Работнички и Брегалница вчера го отворија 23-то коло од Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ се изборија за висока победа со 4:0. Денеска ќе се одиграат преостанатите пет натпревари во кои се среќаваат: Хоризонт-Еуромилк, Пелистер-Македонија ЃП, Металург-Напредок и Ренова –Гостивар. Почетокот е во 14 часот.Дербито меѓу Вардар и Шкендија ќе го заокружи колото.

Во 16 часот на Филип Втори Арената во Скопје по 26-ти пат ќе ги вкрстат копјата. По традиција, без разлика на формата и на положбата на табелата, голема привлечност имаат овие дуели. Шкендија е големото резултатско разочарување во тековното првенство. Екипата која есента стартуваше со големи амбиции е 9-та на табелата со закана да се пресели во понизок ранг.
И Вардар не блеска пролетва, но и натаму е во трка за шампионската титула. Во досегашните 25 првенствени меѓусебни средби Вардар има 13 победи, Шкендија 8 пати триумфирала, само 4 натпревари се завршени без победник. Последниот меѓусебен дуел, есента во Скопје заврши нерешено 0:0. Во пресрет на утрешните натпревари состојбата на табелата од Првата македонска лига е следнава:
Табела:
1.Работнички 41 (+1)
2.Хоризонт 38
3.Вардар 38
4.Пелистер 38
5.Металург 34
6.Ренова 31
7.Еуромилк 30
8.Брегалница 29 (+1)
9.Шкендија 27
10.Македонија ЃП 22
11.Напредок 14
12.Гостивар 11