ЕУ: Се отвораат границите за сите вакцинирани

20.05.2021 10:23

Претходно лидерите на ЕУ не успеаја да ги завршат преговорите за воведување дигитални зелени сертификати. Со новата одлука ќе почне спроведувањето на планот за спас на претстојната туристичка сезона.

Европската унија се согласи да ги отвори границите за сите патници кои го завршиле процесот на вакцинација.

Претходно лидерите на ЕУ не успеаја да ги завршат преговорите за воведување дигитални зелени сертификати. Со новата одлука ќе почне спроведувањето на планот за спас на претстојната туристичка сезона.

Преговорите ќе продолжат в четврток. Таканаречениот дигитален зелен сертификат ќе биде доказ дека лицето е вакцинирано против Ковид-19, дека има негативен резултат од тест или дека ја надминал болеста.