46 нови случаи со Ковид-19, починати 15 лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1.
Регистрирани се 89 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).
Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.
Досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19.
