Богатите да плаќаат повисоки даноци, персоналецот да се намали во одредени дејности
Богатите да плаќаат повисоки даноци, а персоналецот да се намали во одредени дејности- став на вицепремиерот за економски прашања Битиќи, по препораките од МАНУ за зголемување на одредени даноци како опција за побрзо закрепнување од ковид-кризата. Иако прогресивното оданочување се одложи за 2023-та година, не се исклучува можноста да биде воведено и порано. Повторно се удира по бизнисот и по џебот на граѓаните- вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Богатите треба да плаќаат повисоки даноци, а персоналецот да се намали во одредени дејности – став на вицепремиерот за економски прашања Битиќи по препораките од МАНУ за зголемување на даноците за побрзо закрепнување од ковид-кризата. Нема конкретен предлог за реформа на даночната политика, но се прават анализи - вели Битиќи.
Има предлог да остане истиот процент на данок на имот, но да се оданочи тоа што влегува во делот на луксуз, вели Битиќи. За евентуалното воведување Данок за животна средина посочи дека не е нешто што не се случило и во минатото.
За сите даночни реформи ќе се чека да завршат консултациите кои најверојатно ќе траат шест месеци. Иако од МАНУ препорачаа да се намалат непродуктивните трошоци, Битиќи смета дека набавката на 45 владини возила преку оперативен лизинг во моментов е најекономично решение.
Сунчица Николоска
