Подготвен пунктот за масовна имунизација во Прилеп
Пунктот во Прилеп за масовна имунизација е подготовен да почне со работа по празникот, на 25-ти мај. Со симулација на процесот се покажа подготвеноста за дневно да се вакцинираат околу 1.000 граѓани од прилепскиот регион. Епидемиолошката слика во градот е смирена, во болницата се затворени четири ковид-оддели...

Граѓаните нестрпливо чекаат да се отвори пунктот и да се забрза имунизацијата. Медицинските тимови се подготвени, а градот и компаниите заедно работеа на оспообувањето на пунктот. Денеска со Министерството за здравство се утврдува дали во вторник покрај прва, ќе добиваат и втора доза оние кои прво биле на пунктовите во Битола или Кавадарци.
Епидемиолошката слика во градот се оценува како стабилна. Во болницата се лекуваваат 16 граѓани и сите се на кислородна поддршка. Затворени се ковид-одделите, функционираат инфективното и модуларната болница. Интерното во болницата ќе биде за пост- ковид лекување на граѓаните.
Елизабета Митреска
