Безбеден туризам: Турција е спремна за летната сезона
Министерството за култура и туризам на Република Турција и Агенцијата за унапредување и развој на туризмот во Турција (ТГА) беа домаќини на Амбасадорите на настанот наречен „Безбеден туризам“ што се одржа во Анталија.

Еден од глобалните лидери на безбедниот туризам, Република Турција е подготвена за летната сезона 2021 година, со преземени засилени безбедносни мерки. Сертификатот за безбеден туризам кој беше подготвен во јуни 2020 година и има за цел да потврди дека сите места со кои доаѓаат во контакт туристите вклучувајќи ги аеродромите, сместувачките капацитети, рестораните, кафулињата, културните, уметничките и конгресните објекти, објектите за морски туризам и возилата, како и тематските паркови, се безбедни. Сертификатот е доделен на повеќе од 9800 бизниси во втората година од неговото објавување. Почнувајќи од 2021 година, Турција го направи овој сертификат задолжителен за сите сместувачки капацитети кои нудат услуги од 30 и повеќе легла. Турција исто така им даде приоритет на туристичките работници во рамки на националната програма за вакцинација и е подготвена за летната сезона со високи безбедносни стандарди.
Министерството за култура и туризам на Република Турција и Агенцијата за унапредување и развој на туризмот во Турција (ТГА) беа домаќини на Амбасадорите на настанот наречен „Безбеден туризам“ што се одржа во Анталија. Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, во својот говор изјави дека Министерството има за цел да им овозможи на сите претставници на странските мисии во Турција да се уверат во преземените мерки.
„Во 2020 година, пречекавме 16 милиони туристи во нашата земја. Безбедноста на туризмот беше наш најголем приоритет во текот на минатата година со програма за сертификација, која стана една од најдобрите практики во светот. Со безбедни, ефективни и дисциплинирани практики и мерки што ги спроведовме, нашата програма за сертификација стана една од најуспешните имплементирани во светот и имавме успешна сезона. Во рамки на национална програма за вакцинација, досега повеќе од 27 милиони турски граѓани се вакцинирани. Програмата за вакцинација, во чии рамки даваме приоритет на туристичките работници, ќе продолжи да се забрзува во јуни. 2021 година ќе биде година на зголемена безбедност. Ние сме подготвени за летната сезона 2021 година со повеќе од 10.000 туристички капацитети низ цела Турција.“ - изјави турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој на собирот во Анталија.
