Утре средба Пендаровски- Радев
Во државава оптимизам и очекување за исчекор во решавањето на спорот што ги кочи интеграциите. Врз Бугарија. притисок од европските земји да се надмине проблемот.
Враќање на довербата и дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија е пораката што стигна од Софија, ден пред заедничкото патување на претседателите Пендаровски и Радев во Рим. Утре во 11 часот ќе имаат средба на скопскиот аеродром.
Во државава оптимизам и очекување за исчекор во решавањето на спорот што ги кочи интеграциите. Врз Бугарија. притисок од европските земји да се надмине проблемот.
За шефот на државата, патувањето во еден авион со неговиот бугарски колега е план за неформални разговори од кои се очекува релаксација на односите меѓу соседите. За Радев- доказ за политичка воља да се гради добрососедство, но и порака дека патот до ЕУ на Македонија е преку Софија.
