Ракомет

На елитниот список и Хамбург

22.03.2014 22:56

Уште еден елитен ракометен тим си заминува без победа од Скопје, ни помалку ни повеќе, европскиот шампион, Хамбург или Вардар-Хамбург 28:28. Многу лесно можеше да биде и вардарова победа, но се правеа грешки, 10 технички наспроти 5-те на евро шампионот.

Уште еден елитен ракометен тим си заминува без победа од Скопје, ни помалку ни повеќе, европскиот шампион, Хамбург или Вардар-Хамбург 28:28. Многу лесно можеше да биде и вардарова победа, но се правеа грешки, 10 технички наспроти 5-те на евро шампионот.

Многу лошо се започна натпреварот од страна на вардарци, Хамбург имаше почетна предност од три разлика, која во текот на првите 30 минути дојде и до највисоки 6, за на одмор се замине со два позитива за гостите. Се соземаа вардарци во последните две минути од првиот дел што резултираше со топење на германската предност(14:16). Шредер беше човекот на првите 30 германски минути со 7 погодоци, за во второто се најде решение за само негови два погодици.

Кај Вардар за издвојување e Петар Ангелов кој со својте константни одбрани, од како влезе како трета шанса  во списокот на Гонзалес, беше заслужен за враќањето на црвено-црните во натпреварот. Изброја на крајот 16 фантастични сопрeни удари.

Дибиров беше оној кој како и секогаш е нерешлива енигма за противниците, па иако во 21-та минута беше безобразно сопрен и повреден од Хенс (за што патем заработи црвен картон), се запиша како најефикасен кај вардарци со 9 прецизни удари. Карачиќ заврши со 5 погодоци, Чипурин и Душебаев (кој се разигра во пследните 20 минути) избројаа по 4 гола, Прибак и Чипурин по три, Бруман еден.

Споменатиот Шредер како и наш Дибиров остана на 9 погодоци, по него на германската листа на стрелците со 4 бруталниот Хенс. Дувњак беше оневозможен за шут, што резултираше со негови само 4 погодоци.

Не им беше лесно на бранителите на европскиот примат, тоа го потврди и предводникот од клупата на Хамбург, Швалб-”Имавме тежок натпревар денеска, но завршивме добра работа во првото полувреме, особено во одбраната и со контрите во нападот. Во второто полувреме примивме многу лесни голови. Но, имаме уште 60 минути за игра, во кои ќе треба да се внимава”.

Марковиќ некогашниот играч на Металург, ја пофали прекрасната атмосфера, а за случувањата на теренот рече дека е задоволемн од резултатот.

Гонзалес првиот човек на Вардар имаше повеќе што да каже ”Првото полувреме не започнавме добро, одбраната не функционираше, примивме многу голови од пикер. Нашиот напад неможеше да ја мине гранитната одбрана , а примавме голови од контра. Знаевме дека нема да биде лесно и дека играат добар ракомет, за да победиме требаше да играме од прва до последна минута во многу силен ритам и високо ниво. Не излезе како што договаравме и планиравме, но сепак им честитам на моите играчи, се бореа. Второто полувреме се консолидиравме, изигравме на едно повисоко ниво, со трпелива игра успеавме да изиграме сепак нерешено против европскиот шампион.„

Филип Лазаров капитенот на мак првакот ќе додаде.”Со нерешен резултат против евро првак ако се земе дека губевме речиси целиот натпревар, можеме да бидеме задоволни, но не и од играта.Ние одигравме само на моменти добро и тоа ни помогна да се одржиме во егал. Играње на моменти добро не е доволно да се победи европскиот првак. Тие се покажаа во целиот свој сјај, ако ние не смениме нешто шансите да направиме нешто таму ни се мали. Имаме недела дена за корекција и да се обидеме таму да направиме некое чудо.“

 

Реваншот во Германија е за точно 8 дена, на 30-ти месецов.