Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ собира потписи за референдум, за МОН тоа е апсурдно
За утре закажани протести во целата држава. Се спротивставуваат на предлогот на Министерството за образование и наука за реформи во образованието, во делот на дигитализацијата на учебниците.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ собира потписи за да се прифати иницијативата за распишување референдум за дигиталните учебници. Се организира во подрачното одделние во Центар во Скопје, и во подрачното одделние на ДИК во Битола. За утре закажани протести во целата држава. Се спротивставуваат на предлогот на Министерството за образование и наука за реформи во образованието, во делот на дигитализацијата на учебниците.
Апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата и осовременувањето на образованието, велат од Министерството со став- правото на покренување на референдум е легитимно, но сепак, причината поради која се користи не е оправдана.
Според МОН, новиот закон ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките т за имплементација етапно ќе стануваат достапни за учениците во следните 5-6 години, пишува во дописот од Министерството за образование.
