Стоев: Мониторингот од ЕУ е гаранција дека билатералниот договор ќе биде спроведен

25.05.2021 14:43

Мониторингот од страна на ЕУ е гаранција дека билатералниот договор меѓу двете држави ќе биде спроведен- изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.

Мониторингот од страна на ЕУ е гаранција дека билатералниот договор меѓу двете држави ќе биде спроведен- изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.

„Ние се обидуваме да и кажеме многу јасно, не само на македонската страна, туку и на нашите партнери дека нашата политика е доследна. Ние предлагаме продлабочување и рестартирање на дијалогот. Втората линија на која се работи е враќање на темата во рамките на нормалните европски формати, каде што треба да се дискутира за овие прашања меѓу државите- членки на Европската унија каде што треба да ѝ се дадат гаранции на Бугарија дека тоа што е билатерално договорено ќе биде почитувано во иднина. Тој мониторинг од страна на Европската унија е гаранцијата дека потпишаните билатерални договори ќе бидат спроведени. Тоа е тактиката, односно стратегијата. Очекуваме конструктивен дијалог од страна на македонската држава“, изјави Стоев.