Уставен суд го укина членот 163 од Законот за банки
25.05.2021 14:47
Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ ја поздрави оваа, како што велат, историска одлука на Уставниот суд.

Уставниот суд денеска соопшти дека одлучил да го укине членот 163 став 3 од Законот за банки.
Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ ја поздрави оваа, како што велат, историска одлука на Уставниот суд.
Укинатиот Член 163 став 3 од Законот за банки предвидуваше побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити да се исплаќаат пред побарувањата на остнатите доверители.
