Здравство

Се намалува бројот на хоспитализирани ковид- пациенти

25.05.2021 14:51

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 318 пациенти со Ковид-19, од кои 138 се во Скопје, а 131 во другите градови од земјава...

Се намалува и бројот на хоспитализирани со Ковид-19. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 318 пациенти со Ковид-19, од кои 138 се во Скопје, а 131 во другите градови од земјава. Според Mинистерството за здравство, има над 570 празни кревети. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Продолжува масовната имунизација на граѓани над 40 години и пациенти на дијализа. Досега се имунизирани речиси 221 илјада граѓани, а интерес за вакцинација искажале повеќе од 400 илјади.