Зомимак само поведе
Зомимак М само во првото полуврме му пружи достоен отпор на големиот фаворит Монпелје, но загуби со 32-19. Четрнаесеткратниот француски и екс европски шампион предводен од легендарниот Тјери Омејер на голот, славеше очекувана победа во натпревар во кој Французите рационално го темпираа ритамот и го контролираа резултатот. На збогување од својата публика во историскиот европски настап во ЕХФ купот струмичани се мотивираа и инспирираа само на моменти од ривалот кој во своите редови ги имаше златните момчиња од ЕП во Данска - Омејер и Акамбре.

Нашиот состав само поведе но следуваше серија на Монпелје, и разлика од седум гола по што струмичани се вратија порамноправно и на полувреме заминаа со шест гола негатива (11-17). Во второто полувреме гостите заиграа поцрвсто во одбрана а избраниците на Марјан Андонов немаа решение и свежина да одговорат на предизвикот. Монпелје рутинирано, констатно ја зголемуваше предноста која застана на максимални 13 разлика.
Чантурија во првото полувреме ги постиган петте гола и беше најефикасен во домашниот состав. Французите имаа балансирана листа на стрелците и најефикасен играч на мечот, словенечкиот интернационалец Гајиќ кој постигна 6 гола, по 5 дадоа Гребил и Кавтичник.