Шест прекршувања на забраната за движење, 212 санкции за неносење маска
28.05.2021 10:22
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 00.00 часот до 04.00 часот (28.05.2021) констатирано е дека шест лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (27/28.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 212 прекршоци, соопштуваат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
