Обединети нации
Меѓународна истрага за конфликтот во Газа
28.05.2021 10:38
Резолуцијата предвидува постојана анкетна комисија за најновото насилство, но и за „основните причини за постојаните тензии и нестабилност“.

Советот за човекови права на ОН изгласа отворање постојана меѓународна истрага за последниот конфликт во Газа и „систематските“ злоупотреби на Израел против Палестинците.
Резолуцијата предвидува постојана анкетна комисија за најновото насилство, но и за „основните причини за постојаните тензии и нестабилност“.
Тоа би била прва ваква истрага со постојан мандат за следење и известување за Израелско-палестинскиот конфликт.
