Нов подвиг на кардиохирургија и урологија

39-годишна пациентка доби срце од починат донор

30.05.2021 17:44

Трет подвиг на лекарите од Kлиниката за кардиохирургија. 39-годишна пациентка доби срце од починат донор. Операцијата траела пет часа. На Kлиниката за урологија, трансплантација на бубрези кај двајца пацинети од истиот донор…

Трета трансплантација на срце. Донор е 40 -годишна жена. Го доби една година помлада пацинетка која имала вродена срцева мана. Срцето на почината дарителка чука кај 39-годишната пацинетка. Во 11.30 часот, утринава заврши петчасовната сложена операција на државна хирургија.

Следните 48 часа се критични за пациентката, соопштија од Министерството за здравство. Во просториите на државната кардиохирургија, тимот доктори ја изведоа операцијата. Трансплантација на бубрези од истиот донор.

За овој гест на хуманост министерот за здравство Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност на семејството што долучи да донира органи.

Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники за Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рентгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница Жан Митрев.

Првата трансплантација на срце во земјава се случи лани во мај. Срцето на починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53-годишниот Иван Огненовски. Во април годинава, пак, се направи втората трансплантација, а донор беше младата Верица Белчовска која загина во сообраќајна несреќа. Се направи трансплантација и на бубрезите, но и на коските.

 

Наташа Јанчиќ Менковски