Здравство

23 нови случаи со Ковид-19, починати 10 лица

30.05.2021 17:53

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.

Во последните 24 часа се направени 2.755 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 15, Куманово и Прилеп – по 2, Охрид, Струмица, Кичево и Кратово – по 1.

Регистрирани се 1.191 оздравен пациент, а пријавени се вкупно 10 починати лица: 5 лица од Скопје (88г,80г,74г,66г,57г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г). Од пријавените, 2 лица  се починати  во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.

Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19.