Влада

Засилени контроли на течни горива

30.05.2021 18:00

Државниот пазарен инспекторат почнува со вонредни и засилени контроли на течни горива што се увезуваат во земјава. Ќе се користи мобилна лабораторија. Надлежните велат- ќе се заштитат и потрошувачите и животната средина...

Се засилуваат контролите на терен за сите видови на нафтени деривати, велат надлежните. Пазарниот инспекторат заедно со Бирото за метрологија започнува со вонредни контроли на бензинските пумпи. Оттаму уверуваат дека целта е потрошувачите да бидат заштитени и да се зачува животната средина.

Бектеши појаснува дека во вторник се очекуваат сите извештаи околку надзорите за увозот на мазут и контролата на течни горива да бидат доставени до Владата. Информира дека во изминатиов период од граница се вратени цистерни. Дециден доколку се утврдат нерегуларности, институциите ќе постапуваат без да има компромис.

Според Бектеши, новиот закон за енергетика е усогласен со директивите на ЕУ, останува да се усогласат уште неколку параметри за нафтените деривати.

 

Дијана Ценевска