Евроинтеграции

Османи: Критериумите се исполнети, процесот зависи од динамики во земјите-членки

30.05.2021 18:07

„Критериумите се исполнети, сега процесот зависи од динамики во земјите-членки“- вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него, треба да се работи за јуни како да е единствена шанса за изнаоѓање решение. За шефот на дипломатијата, главна тема во однос на спорот со Бугарија не се идентитетските прашања туку патоказот кој теба да се дефинира, а членките да го заштитат процесот на пристапување...

Ние ги исполнивме сите критериуми за почеток на преговори. Сега останува на земјите членки да покажат дека се посветени на проширувањето. Во наредните денови ќе има контакти со Бугарија на политичко ниво, а потоа и на дипломатско, рече шефот на дипломатијата Османи. Додава дека има помалку од две седмици за наоѓање решение со Софија за остранување на блокадата на нашата евроинтеграција на самитот на ЕУ на 22-ри јуни.

Решението што го нуди Португалија како претседавач со Унијата не содржи идентитетски прашања, туку патоказ како да се надминат барањата на двете страни, појасни Османи.

Еден од главните приоритети на МНР е вклучување на дијаспората во тековите дома, затоа министерството ја претстави иницијатива за МКарта, која ќе се издава на македонски државјани кои се истакнале со својата професија и работа во странство, што треба да бидат наши амбасадори во земјите кадешто живеат.

 

Ирина Гелевска