Крушево очекува туристи од странство
Крушево подготвено и реално ги очекува, освен домашните и странските гости летово. Потврдени се меѓународни параглајдинг натпреварувања, а градските власти нудат нови содржини. Угостителите нестрпливо чекаат гости на масите...

Крушево ја доби туристичката потврда и се врати на светската мапа на одржување меѓународни параглајдинг натпревари. Потврдено е одржувањето на Светското првенство во змејарство во јули, а во август Холандското првенство и со уште едно меѓународно натпреварување. Вратена е надежта, но и реалната најава за странските гостувања.
Гостите охрабрени од поволната здравствена ситуација и од процесот на вакцинација, се враќаат во Крушево. Највисокиот град на Балканот и историско Крушево нуди 1.000 легла за посетителите. Угостителите среќни од најавите и нестрпливо очекуваат гости.
Градот ги обновува содржините. Почна да се гради Кула за параглајдеристите на полетувалиштето на Мечкин Камен, се интензивира изградбата на велосипедските патеки. Вљубениците во ексремните спортови го имаат големото „Добредојде“ во Крушево.
Елизабета Митреска
