Руни ги врати инстинктите

23.03.2014 11:14

На Манчестер јунајтед конечно му тргна подобро, па по триумфот над Олимпијакос и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, англискиот првак забележа победа и на домашната сцена. Со двата гола на Вејн Руни на „Аптон парк“, составот на Дејвид Мојс го победи Вест Хем. Првиот беше речиси од половина терен, а вториот по грешка на одбраната на противникот. Руни сега е трет на вечната голгетерска листа на клубот од „Олд трафорд“ на којашто прв е легендарниот Сер Боби Чарлтон.

На Манчестер јунајтед конечно му тргна подобро, па по триумфот над Олимпијакос и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, англискиот првак забележа победа и на домашната сцена. Со двата гола на Вејн Руни на „Аптон парк“, составот на Дејвид Мојс го победи Вест Хем. Првиот беше речиси од половина терен, а вториот по грешка на одбраната на противникот. Руни сега е трет на вечната голгетерска листа на клубот од „Олд трафорд“ на којашто прв е легендарниот Сер Боби Чарлтон. На Руни му недостасуваат 37 гола за да го достигне неговото остварување.

„Постигнавме добар резултат, тоа е најважно, игравме на ниво, иако можевме да дадеме повеќе голови ако се има предвид какви шанси создадовме. Што се однесува до првиот, тоа е работа на инстинкт. Погледнав и забележав дека голманот е истрчан, а вакви удари сум вежбал на тренинзите. Ова не се случува често“, објасни Руни.