МВР
27 прекршувања на забраната за движење, 218 санкции за неносење маска
31.05.2021 10:08
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата

Од полноќ до 4 часот констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 218 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.
