Крајната десница влегува во коалиција против Нетанјаху
Лидерот на партијата „Јамина“, Нафтали Бенет планира да му се приклучи на таборот на Јаир Лапид, челникот на партијата на центарот Јеш Атид (Има иднина) кој до среда треба да состави коалиција.

Радикалната десница на Израел влегува во коалиција против премиерот Бенјамин Нетанјаху. Лидерот на партијата „Јамина“, Нафтали Бенет планира да му се приклучи на таборот на Јаир Лапид, челникот на партијата на центарот Јеш Атид (Има иднина) кој до среда треба да состави коалиција.
„Ваквата влада ќе успее само ако работиме како група. Не како „јас“, туку како „ние“. Ќе го вратиме зборот „ние“ кој беше тајното оружје на Израел уште од формирањето на државата. Сите партии се поканети да му се придружат на кабинетот“, изјави Нафтали Бенет, лидер на „Јамина“.
„Не создавајте левичарска влада, таа ќе биде опасна за сигурноста и иднината на Израел“, предупреди Нетанјаху кој владее 12 години.
Во последните две во земјата беа одржани четири парламентарни избори на кои победуваше партијата Ликуд предводена од 71-годишниот политичар, но не успеа да освои мнозинство за да формира кабинет.
