Европа

Данска им помагала на САД во шпионирање на европски фунцкионери

31.05.2021 10:32

Активностите беа откриени уште во 2013 година, но новинарите дури сега добија пристап до извештаите. До 2015 година, владата во Копенхаген веќе била запознаена за вмешаноста на Тајната служба во скандалот со НСА.

Данската тајна служба и помагала на Американската агенција за национална безбедност да ги шпионира европските лидери, вклучувајќи ги и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк Валтер-Штајнмајер.

Активностите беа откриени уште во 2013 година, но новинарите дури сега добија пристап до извештаите. До 2015 година, владата во Копенхаген веќе била запознаена за вмешаноста на Тајната служба во скандалот со НСА.

Поради собраните информации околу соработката меѓу двете тела од 2012 до 2014, процес кој беше поттикнат по изјавите на поранешниот работник на НСА и укажувачот Едвард Сноуден, данската влада лани го разреши целото раководство на Тајната служба.