Светски Куп во скијачки скокови, Планица, К-125

Превц победнички – за крај на одличната сезона

23.03.2014 12:50

Словенецот Петер Превц и приреди голема радост на домашната пблика, со триумфот на Планица, во последниот натпревар од годинашната сезона во Светскиот Куп во скијачки скокови.

Во втората серија 21-годишниот Превц постави рекорд на средната скокалница од 141 метар, којшто го надоврза на првата должина од 136 метри и ја забележа третата победа сезонава.

Освојувачот на сребро и бронза на Зимските Олимписки Игри во Сочи собра 2,9 бода повеќе од Германецот Зеверин Фројнд, којшто оствари далечини од 136 и од 141 метар, додека трет заврши Норвежанецот Андерс Бардал со скокови од 138,5 и од 136,5 метри.  Без место на пиедесталот, само четврти, остана шампионот во Светскиот Куп, Полјакот Камил Стох.

Со победничкиот крај во неговата Планица, Превц го симна Фројнд од второто место во конечниот генерален поредок и заврши веднаш зад Стох.

 

Резултати  од последниот натпревар во Планица

1.Петер Превц           СЛО    136м – 142м               283.7 поени

2.Зеверин Фројнд      ГЕР     136м – 141м               280.8 поени

3.Андерс Бардал        НОР    138,5 – 136,5м            278.5 поени

 

Конечен генерален пласман во Светскиот Куп

1.Камил Стох                                    ПОЛ   1420

2.Петер Превц                       СЛО    1312

3.Зеверин Фројнд                  ГЕР     1303

4.Андерс Бардал                    НОР    1071

5.Норијаки Касаи                  ЈАП     1062

6.Грегор Шлиренцауер        АВС    943

7.Симон Аман                       ШВА  733

8.Томас Дитхарт                    АВС    666

9.Андреас Велингер             ГЕР     601

10. Штефан Крафт                АВС    539

 

Конечен пласман во Купот на нации

1.Австрија      5407

2.Германија    4732

3.Германија    4402