Свет

Киднапирани над 150 деца во Нигерија

31.05.2021 11:45

Нападот го извршиле дваесетина вооружени мажи кои пристигнале со мотори, а по киднапирањето на децата, заробиле и група патници од автобус кој бил на местото на злосторот.

Криминална група киднапираше над 150 ученици во Рафа, Нигерија. Во инцидентот загина едно лице.

Нападот го извршиле дваесетина вооружени мажи кои пристигнале со мотори, а по киднапирањето на децата, заробиле и група патници од автобус кој бил на местото на злосторот.

Во Нигерија се затворени многу образовни објекти поради зачестените криминални активности од бандите кои најчесто бараат откуп во замена за заложниците.