Пролетно уредување на домот

31.05.2021 12:13

Новите корнизи или завеси се исто така одличен начин за освежување на дневната соба. Различни бои и материјали, нови перничиња за креветот или нови столчиња оставаат впечаток на целосно нов простор.

Пролетта е идеално време за освежување на домот. Со доаѓањето на потоплите денови, многумина се одлучуваат за поголеми реновирања, како што е замената на керамички плочки. Но, ако не сакате да трошите време и енергија на поголеми дела, може и со малку напор да му се даде пролетен изглед на живеалиштето.

Сега е време кога се мијат прозорците и теписите. Подебелите зимски килими може да ги замените со потенки, шарени теписи. Новите корнизи или завеси се исто така одличен начин за освежување на дневната соба. Различни бои и материјали, нови перничиња за креветот или нови столчиња оставаат впечаток на целосно нов простор.

Најлесен начин да ја внесете пролетта во вашата дневна соба е да додадете растенија што ќе донесат боја и свежина, или пак, нови слики – било уметнички дела или фотографии. Доколку сакате да бидете креативни, може и сами да создадете уметност.

Со потоплото време, доаѓа и реорганизацијата на гардеробите. Соберете ја зимската облека што не планирате веќе да ја носите, сè што е надминато, спакувајте го и подарете го во добротворно здружение.

Време е да направите и промени и околу вашиот кревет – нова постелнина и ќебиња од потенки и воздушести материјали. Изберете прекривки во топли и светли бои или со цветен дезен. Дебелите ќебиња, и тешки јоргани одат во плакарот и ја чекаат есента.

Најлесен начин да ја освежите кујната или трпезариската маса е со нови јадења. Или пак, со нови чинии и чаши пастелни бои. Украсете ја масата со чаршав во цветни шари и светли бои надополнето со голема вазна со свежо пролетно цвеќе во центарот на масата. Познавачите препорачуваат лалиња.