Нови цени

Горивата поскапуваат за половина денар

31.05.2021 12:46

Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката. Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе изнесува 67,5 денари за литар, два денара поскап е бензинот од 98 октани, литар Дизел ќе се точи за 60 денари.

Горивата од полноќ поскапуваат за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката. Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе изнесува 67,5 денари за литар, два денара поскап е бензинот од 98 октани, литар Дизел ќе се точи за 60 денари.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство не се менува и останува 59 денари, а мазутот поскапува.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 0,62 проценти, поради повисоките цени на светските берзи и движењето на денарот во однос на доларот.