Од јуни се очекуваат странски туристи
Позитивни прогнози на полето на туризмот. Од јуни годинава во земјава ќе доаѓаат и странските туристи. Се очекуваат гости од Холандија, Полска, Романија и Украина, но и целиот регион.

Позитивни вибрации на полето на туризмот. Од јуни се очекува да започне авиолинијата Варшава- Охрид. Ќе се воспостави авиолинија и Букурешт- Скопје. Од втора половина на јуни со туристи од Холандија, на брегот на Охридското Езеро ќе доаѓаат и тур операторите ТУИ и Корендон. Украинците веќе стартуваа со кружни дводневни тури низ земјава.
„2021- та ќе биде година каде што со искуствата целиот туристички сектор ќе се фокусираме регионално бидејќи Македонија, како туристичка овозможи зелени коридори со одредени земји во регионот, во кој што немаме потреба од ПЦР тестови“, вели Љупчо Јанески директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Со намалувањето на рестрикциите и најавата за организирање на свадби и прослави се очекува годинава да допатува и македонската дијаспора.
„Исто така ќе значи дека голем дел од нашата дијаспора кога ќе видат дека лета ТУИ ке се одлучат да дојдат и да потрошат време овде. Очекуваме и Полјаци да дојдат. Со оглед на состојбата како полека се смирува ситуацијата, мислам дека ќе имаме една добра солидна сезона“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Позитивно е што најавени се и голем број туристи од Србија и Црна Гора кои, од втората половина на јуни со петдневни аранжмани ќе летуваат на брегот на Охридското Езеро.
Соња Рилковска
