Одбрана

Средба Шекеринска- Ињац

31.05.2021 13:32

Македонија со „Одлучен удар 21“ ја праќа пораката дека е НАТО сојузник на кој може да се смета- министерката Шекеринска по средбата со црногорската колешка Ињац. Продолжувањето не само на евроатлантскиот, туку и на европскиот пат за Скопје и Подгорица е највисок приоритет...

„Покажуваме дека како држава сме сојузник кој придонесува кон безбедноста и развојот на одбранбената соработка во Алијансата. Ова е ден кога даваме уште една потврда дека по успешната прва година од членството во НАТО, успешно ќе ја завршиме и целокупната воена интеграција во Сојузот“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска по средбата со црногорската колешка Оливера Ињац.

„Истовремено покажуваме и дека инвестираме во својата, но и во регионалната безбеднсот, а воедно го зацврстуваме и сојузништвото со нашите соседи, но и со САД. Се согласивме дека членството и на Црна Гора и на Северна Македонија во Алијансата даде дополнителна тежина на регионот, во смисла на зголемена безбедност и засилени капцитетит за развој на нашите економии. Продолжувањето на овој не само евроатлантски, туку и европски пат е многу важно за двете земји и дека како две сојузнички земји ја делиме таа идеја, таа визија на Балканот кој е интегриран и во ЕУ“, нагласи министерката Шекеринска.

Министерката на Црна Гора, Ињац, рече дека на средбата разговарале за повеќе теми и како нато-сојузници тежнеат кон стабилизација, регионална безбедост и регионален просперитет на Западен Балкан.

Шекеринска најави дека во јули,а заедно со министерката Ињац и со својот колега од Словенија ќе ги посетат балтичките земји. Информира и дека и предложила на Ињац да испраќаат офицери на ротациона основа или цивили во Одбранбениот колеџ во Рим, каде поминале многу наши сегашни офицери.

 

Марина Стојанова- Тонева