Украина не се откажува

23.03.2014 12:53

Продолжува сагата околу организацијата на Европското кошаркарско првенство во Украина во 2015.

И покрај лошата безбедносна ситуација, домаќинот е решен да го организира собирот на најдобрите репрезентации на континентот. ФИБА размислува и можеби ќе го дозволи тоа, но само во услови на значително подобрени услови на политички и на економски план.

„Во ФИБА гледаат телевизија и знаат што се случува. Тие се неспокојни, но знаат колку работи завршивме во врска со организацијата на шампионатот. Разговарав со претставници на словенечката кошарка и тие ми рекоа дека договорот за последното Европско првенство го потпишале на осум месеци пред настанот. А пред тој шампионат, на конец виселе четири европски самити на најдобрите репрезентации“, изјави Александар Волков, претседател на Украинската кошаркарска федерација, веројатно сакајќи да добие малку време со оглед дека ФИБА размислува да и ја одземе организацијата на неговата земја. Во меѓувреме, Франција изрази желба да биде домаќин на собирот во 2015-та..