Во Грција уапсен македонски државјанин, превезувал 167 килограми канабис во камион

31.05.2021 14:46

Дрогата е откриена со помош на куче- душкач. Полицајците од тимот за спречување и сузбивање криминал во подот на возилото пронашле 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама. Во едно од пакувањата имало и пиштол.

Речиси 167 килограми канабис откри грчката полиција во товарен камион на патот од граничниот премин Евзони- Богородица кон Солун. Уапсен е 37 годишниот возач, кој е македонски државјанин.

Дрогата е откриена со помош на куче- душкач. Полицајците од тимот за спречување и сузбивање криминал во подот на возилото пронашле 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама. Во едно од пакувањата имало и пиштол.

Камионот и мобилните телефони на возачот се запленети и тој ќе биде изведен пред јавен обвинител.