За Украина не постои Македонија

23.03.2014 12:57

Македонија е избришана од географската карта на привремените власти во Kиев.

Како што објавува хрватскиот портал „Индекс“, сите држави од поранешна Југославија не постојат на промотивниот тв спот на привремениот премиер Арсениј Јацењук и се припоени кон Хрватска. Дали станува збор за случајна грешка кога е очигледно дека на европската карта се присутни повеќето европски држави? Поради спотот, српскиот министер за надворешни Иван Мркиќ го повика на разговор  вршителот на должност украински Амбасадор во Белград.