Медиумска саморегулација- што донесе пандемијата?
За време на пандемијата зголемен бројот на жалби до Советот за етика во медиумите. Онлајн медиумите посечени како главни прекршувачи на новинарските стандарди. Забораваат дека слободата е и одговорност, вели претседателот на Комисијата за жалби при советот за етика во медиуми.

Од февруари до септември лани, 46 проценти од пријавите кои стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите се однесувале на неточно известување за пандемијата со Ковид- 19. Во 30 проценти од пријавите бил детектиран сензационализам. Недоволно била заштитена и приватноста на личните податоци. Од почетокот на коронакризата, се бележи значително зголемување на поплаките до советот.
Најчести прекршители на кодексот за професионално и етичко известување се онлјан медиумите, што само укажува на потребата од саморегулација. Во земјава веќе функционира Регистар на професионални медиуми.
На дебатата беа истакнати неколку примери за неетичко и непрофесионално известување кое беа закана за јавното здравје, а еден од нив е кога одредени медиуми пишуваа дека „сумамедот“ е лек против Ковид-19. Тоа придонесе овој лек да го снема од аптеките, а притоа беше ризик граѓаните да си го загрозат здравјето доколку го земаат на своја рака.
Ана Јосифоска Тодоровска
