Комисијата за одбрана и безбедност не прифати јавна расправа за Законот за државјанство
Комисијата за одбрана и безбедност не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за државјанства да се организира јавна расправа. Од Алијанса и Алтернатива најавија дека ќе поднесат 10 амандмани. Следно е тие да бидат доставени до пратениците во Комисијата по што ако некој има забелешки може да реагира...

Комисијата за одбрана и безбедност не го прифати предлогот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ за Законот за државјанство да се организира јавна расправа со учество на експерти, институции и невладиниот сектор. Барањето на опозициската партија доаѓа откако предлагачот Алијанса за Албанците и Алтернатива со владата ги договорија деталите во законот, со што заврши и блокадата на Собранието која ја наметнаа двете партии со поднесување на илјадници амандмани.
Од Алијанса и Алтернатива ќе поднесат 10 амандмани на Законот за државјанство . Рекоа дека законот е исклучително потребен за остварување на правата на одредена категорија на граѓани.
Следно е амандманите да бидат доставени до пратениците во Комисијата по што ако некој има забелешки може да реагира. За овој закон ВМРО – ДПМНЕ поднесе 530 амандмани кои со политички договор со власта беа повлечени.
Миле Ристески
