Комисијата за заразни болести треба да одлучи дали ќе се стави во функција пленарната сала на Собранието

31.05.2021 15:23

Според најавите, пратениците од 8-ми јуни треба да се вратат во старата пленарна сала која поради пандемијата не функционира од август лани.

Членови на Комисијата за справување со заразни болести, предводени од нејзиниот претседател Жарко Караџовски на средба со спикерот Џафери во Собранието. Извршиле контрола на салите и на помошните простории во Законодавниот дом за да се констатира дали се исполнети сите услови, Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во салата „Македонија“.

Според најавите, пратениците од 8-ми јуни треба да се вратат во старата пленарна сала која поради пандемијата не функционира од август лани.

Пратениците, собраниските служби, обезбедувањето веќе се вакцинираа против коронавирусот.