Пациентката што доби ново срце е во стабилна состојба
Станува збор за 39 годишна жена, која доби ново срце од 40-годишна жена која почина, а чие семејство одлучи да ги донира органите. Вчерашната беше извршена трета трансплантација на срце од починат донор во земјава.

Министерот Филипче информираше дека пациентката, на која и беше извршена трансплантација на срце вчера имала мали крвавења, но денеска ситуацијата и е стабилна и внимателно се следи.
Станува збор за 39 годишна жена, која доби ново срце од 40-годишна жена која почина, а чие семејство одлучи да ги донира органите. Вчерашната беше извршена трета трансплантација на срце од починат донор во земјава.
Исто така, двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро, информира Министерството за здравство. Органи добија 44 годишен маж и 30 годишна жена.
