Филипче: Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на „Фајзер“

31.05.2021 20:43

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фесјбук профил информираше дека попладнево пристигнале нови 11.700 дози од вакцината на производителот „Фајзер“ од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ...

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фесјбук профил информираше дека попладнево пристигнале нови 11.700 дози од вакцината на производителот „Фајзер“ од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“.

„Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија. Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk“, потенцираше Филипче.