ЦИА: ВМРО ДПМНЕ со најголема поддршка меѓу испитаниците

23.03.2014 13:18

42, 24 насто од испитаниците својот глас ќе го дадат за кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ - Ѓорѓе Иванов, стои во анкетата центарот за истражување и анализа. по него најголем број гласови на претседателските избори би добил кандидатот на СДСМ- Стево Пендаровски или 19,69 насто. Зоран Поповски од ГРОМ - 5,38 насто од гласовите, а кандидатот на ДПА Илијаз Халими 5,21 насто.

На прашањето во кои лидери на политичка партија имате најголема доверба, 37 , 85 насто од испитаниците  одговориле за претседателот на ВМРО ДПМНЕ -  Никола Груевски.  во Зоран Заев претседателот на СДСМ имаат доверба 11, 69 насто од испитаниците . 7,69 насто му веруваат на лидерот на ДУИ - Али Ахмети , по него е претседателот на ГРОМ - Стевчо Јјакимовски со 6,76 насто  и лидерот на ДПА-  Мендух Тачи со 5, 53 насто. 16 насто, немаат доверба во ниту еден лидер на 69 насто од анкетираните кои немаат доверба во ниту една политичка партија стои во анкетата .

Според анкетата на центарот за истражување за ВМРО ДПМНЕ  гласот на следните парламентарни избори ќе го дадат 39,76  насто од испитаниците, додека 13, 53 насто би го дале за  СДСМ . за ДУИ би гласале 6,92 насто од испитаниците , а за ДПА 4,46 насто стои во анкетата.

Центарот за истражување и анализа,  го спроведе истражувањето за реално прикажување на моменталните политички размислувања, гледишта и ставови на граѓаните на македонија,.истражувањето било спроведено  во сите 6 изборни единици, а биле анкетирани вкупно 1.839 испитаници. Анкетата беше спроведена од 12 до 22 март годинава од центарот за истражување и анализа на сопствена иницијатива.