Собрание

Продолженија на пет собраниски седници

01.06.2021 09:45

Предвидено е да се одржат продолженија на 29-та, 30-та, 34-та, 39-та и 41-та седница.

Денеска се најавени продолженија на дури пет собраниски седници. Предвидено е да се одржат продолженија на 29-та, 30-та, 34-та, 39-та и 41-та седница.

На дневен ред на 29-тата седница се предлог- законите за изменување и дополнување на законот за лична карта, и на законот за прекршоци- двата по скратена постапка. На продолжението на 30-тата седница се останати уште три точки: предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка, и два предлог-закона за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште и законот за животна средина- двата во прво читање.

На 39-тата седница, ќе се најдат предлог-законот за задолжување со заем кај меѓународната банка за обнова и развој со цел дополнително финансирање на проектот за поврзување на локалните патишта, во скратена постапка, како и законот за гаранција за аранжманот на македонската развојна банка со европската инвестициска банка.

На 41-та седница има повеќе предлог-закони, во второ читање, меѓу кои, законот за комплементарна и алтернативна медицина, законот за лековите и медицинските средства и законот за заштита на правата на пациентите.

Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледува предлог законот за изменување и дополнување на законот за работни односи, во второ читање.