Ковид-19

Перу со најголема смртност од коронавирус во светот

01.06.2021 09:59

Официјалниот број на починати од последици од коронавирусот во Перу сега изнесува 180.764, што е огромен пораст во однос на претходниот официјален број од 69.342.

Двојно се зголеми бројот на починати од коронавирус во Перу. Со тоа, земјата има најголема смртност од Ковид-19 во светот, во однос на бројноста на популацијата.

Официјалниот број на починати од последици од коронавирусот во Перу сега изнесува 180.764, што е огромен пораст во однос на претходниот официјален број од 69.342.

Перу е една од најтешко погодените земји во Латинска Америка, што резултираше со преоптоварување на здравствениот систем и недостаток на резервоари за кислород.

Пред Перу, Унгарија имаше најголем број смртни случаи.