Франција
Макрон се закани дека ќе ја повлече војската од Мали
01.06.2021 10:20
Макрон изјави дека приоритетот на Франција во Мали е борбата против тероризмот.

Францускиот претседател Макрон соопшти дека неговата земјата ќе ја повлече својата армија од Мали доколку продолжи институционалната нестабилност во земјата.
Макрон изјави дека приоритетот на Франција во Мали е борбата против тероризмот.
Макрон го објави ова еден ден откако лидерите на Западна Африка го суспендираа Мали од нивниот регионален блок, Економската заедница на западноафриканските држави. Како причина за тоа тие го наведоа последниот воен удар.
