Владата ќе ја одржи редовната 75-та седница

01.06.2021 10:36

Како што соопшти владината прес- служба, пред министрите на разгледување ќе биде и Записникот од тринаесеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 28 мај 2021 година.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 75-та седница на која биде разгледан Записникот од триесет и деветтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 31 мај 2021 година, во кој се вклучени предложените измени на мерките за заштита на Комисијата за заразни болести, одржан на 28 мај 2021 година.

Како што соопшти владината прес- служба, пред министрите на разгледување ќе биде и Записникот од тринаесеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 28 мај 2021 година.

Седницата, која ќе започне во 12:00 часот и на која ќе бидат разгледани повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните, ќе се одржи со физичко присуство на членовите и службите во Владата.