Reg

Земјотрес од 3,9 Рихтери ја погоди Хрватска

01.06.2021 10:42

Епицентарот бил во околината на Петриња и Сисак, на околу 51 километар југоисточно од Загреб на длабочина од пет километри.

Земјотрес со сила од 3,9 степени е регистриран во Хрватска, околу три часот по полноќ. Епицентарот бил во околината на Петриња и Сисак, на околу 51 километар југоисточно од Загреб на длабочина од пет километри.

Во последните неколку месеци, во Хрватска се регистрирани неколку земјотреси, а најсилниот беше на 29-ти декември лани.