Бангладеш
По 20 години уапсен убиецот на загрозени тигри
01.06.2021 10:55
Хабиб Талукдер, познат како Тигар Хабиб, конечно бил фатен по дојава, откако за него беа распишани три претходни потерници.

Осомничениот за убиство на 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20-годишна потрага. Хабиб Талукдер, познат како Тигар Хабиб, конечно бил фатен по дојава, откако за него беа распишани три претходни потерници.
Тој дејствувал во шумата Сундарбанс, на границата помеѓу Индија и Бангладеш, каде што живее најголемата популација на Бенгалски тигри во светот.
Во дивината останаа само неколку илјади, бидејќи на црните пазари ширум светот се купуваат нивните крзна, коски, па дури и месото.
