Се очекуваат нови дози вакцини на „Спутник“ и „Синовак“
Филипче денеска изјави дека процесот на имунизација нема да биде прекинат, најавувајќи пристигнување на нови вакцини и продолжување на процесот со истата динамика. Се очекува пристигнување на руски и кинески вакцини.

Министерот за здравство Филипче денеска изјави дека процесот на имунизација нема да биде прекинат, најавувајќи пристигнување на нови вакцини и продолжување на процесот со истата динамика. Се очекува пристигнување на руски и кинески вакцини.
„За Спутник и Синовак сè уште немаме точни датуми, за Спутник имаше најави дека ќе биде околу крајот на мај, но досега не е пристигнати. Најавата за пристигнување на вакцините Синовак е за почетокот на јуни. Како што рекоа, првата недела или првите 10 дена, треба да почекаме“, изјави министерот Филипче.
Тој очекува дека неделава можеби ќе има намалување на дневните бројки на вакцинирани, но за следната недела, смета дека ќе се одржи трендот од околу 13.000 вакцинирани на ден.
Во однос на издавањето на „зелениот пасош“, рече дека подготовките се во финална фаза и додаде дека постојат одредени технички предизвици кои треба да се надминат во однос на добивање на податоци од страна на лабораториите и институтот.
