Пошта

Промовирана поштенска марка по повод историскиот настап на македонската фудбалска репрезентација на ЕП 2020

01.06.2021 13:53

Промовирана поштенска марка во чест на Европското првенство во фудбал и историскиот настап на Македонската фудбалска репрезентација. Од Пошти велат дека со овој гест сакаат да им се заблагодарат на репрезентативците за успехот и радоста што и ја приредија на целата држава. Марката е со номинална вредност од 181 денар, и изработена во 6.000 примероци...

Промовирана поштенска марка за историскиот настап на македонските фудбалери на Европското првенство – гест на благодарност и почит за нашите репрезентативци за постигнатиот успех.

Марката е со номинална вредност од 181 денар и е изработена во 6.000 примероци. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски рече дека ќе направат напори што е можно повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт.

Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11-ти јуни до 11-ти јули ќе се одржи во повеќе градови низ стариот континент. Првиот натпревар го играме на 13-ти јуни во Букурешт против Австрија, а потоа ќе се соочимесо Украина и со Холандија.

 

Александра Спировска