Ќе се менува мрежата на автобуски линии во Скопје
Град Скопје потпиша договор за изработка на студија за оптиматизација на линиите на автобускиот јавен превоз во Скопје. Ќе ја изработуваат израелска и англиска компанија. Шилегов вели- оваа студија е потребна бидејќи актуелната мрежа на линии според која што е организиран јавниот градски превоз, е стара 40 години. Јавниот превоз во метрополата според Шилегов, не е атрактивен и сѐ помалку патници ги користат услугите на ЈСП...
По 40 години, Скопје ќе ја менува актуелната мрежа на автобуски линии. Јавниот превоз во метрополата не е атрактивен и e намален бројот на граѓани кои го користат – образложи градоначалникот Шилегов. Вели, зголемена е употребата на автомобилите, што го прави целиот систем на градски превоз неодржлив, а градот е променет во однос на популацијата и урбаниот развој. Студијата треба да понуди нови автобуски рути, унапреден систем за наплата и возен ред.
„Дополнително, студијата ќе ги вклучи и 2-те рути на брзиот автобуски транспорт БРТ, со алтернативни сценарија со една рута и без овие рути за периодот пред неговото пуштање во употреба. Временската рамка која е предвидена за реализација на овој проект е 12 месеци, односно студијата треба да биде завршена до јуни 2022 година. Убеден сум дека за помалку од две години нашите сограѓани ќе можат во целост да ги почувствуваат придобивките од новата организација на јавниот превоз во Скопје, а со имплементацијата на БРТ системот верувам дека ќе можеме да се пофалиме дека имаме најдобро организиран јавен превоз во регионот“, изајви градоначалникот Петре Шилегов.
Договорот за студијата, која ја изработуваат израелка и англиска компанија е потпишан. Вреден е 322.530 евра. Од компаниите велат дека вакви проекти изработувале и за други европски метрополи. Овие компании послдениве 15 години реализирале над 80 вакви проекти во светот.
Андријана Атанасовска
