Не сите деца имаат пристап до услуги од витално значење поради Ковид-19
Иако владата воведе шест пакет мерки со цел да ги намалат социо- економските последици од Ковид-19, сепак децата беа ретко таргетирани. Ова го покажува најновата студија која се однесува на социо-економските ефекти од Ковид-19 врз децата. Анализата е подготвена со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД, а е реализирана од „Фајнанс тинк“ институтот за економски истражувања и политики...

И покрај шесте пакет мерки кои ги донесе Владата за ублажување на социо-економските последици од коронакризата, децата во нив ретко беа третирани – покажува најновата студија, изработена од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. Таквата практика продолжила и со планирањето на годинашниот буџет.
Студијата покажува дека бројот на пријавени случаи на насилство врз децата значително се зголемил веднаш по избувнувањето на пандемијата, педијатрите имале помалку работа. Полицискиот час, карантирните, онлајн наставата и намалената социјализација негативно влијаеле врз менталното здравје на децата.
Околу еден процент од децата во зејава се заразиле со коронавирусот, што претставува 5,4 проценти од сите регистрирани случаи. За среќа, немало смртен исход.
Ана Јосифоска Тодоровска
