Претставени новите армиски возила
На полигонот Криволак беше претставено лесното оклопно возило на тркала, кое од следната година, кога ќе биде испорачано, ќе го користи Пешадискиот баталјон на АРМ...

Прв пат пред јавноста во земјава, на воениот полигон Криволак, денес беше претставено лесното оклопно возило на тркала, кое од наредната година ќе се најде во воениот возен парк на Македонската армија. Со него ќе се опреми лесната пешадиска баталјонска група. Набавката е извршена согласно потпишаниот договор на македонската влада и владата на САД од 2019-та година, но и според потребите на АРМ.
Првите 33 возила на број, треба да пристигнат следната година, додека во 2024-та ќе следи доопремување со 151, за да во наредните три години уште 98, и во 2028-та Македонија да има 249 лесни оклопни возила на тркала. Набавката е извршена од производителот, компанијата „Ошкош дифенс“.
Со овој капитален проект, Лесната пешадиска баталјонска група ќе ги подобри способностите за распоредливост, мобилност, маневар, заштита на персоналот и зголемување на огнената моќ на единицата.
Петар Печков
